Фото: Ivan Danik / Alamy / Alamy / Profimedia

Брз ручек за целото семејство — рецепт за кремасти макарони со кашкавал

Немате идеја што да подготвите, а немате ниту време, ниту волја да стоите долго време во кујната? Рецептот за кремасти макарони со кашкавал е брзо и лесно решение.

Освен што е брзо и лесно за подготовка, ова јадење е одлично и кога е ладно, а најдобро оди со освежителна салата.

Состојки:

– 500 г тестенини
– 500 мл павлака за готвење
– 250 г свежо крем сирење
– 150 г рендана моцарела
– 150 г рендана гауда
– 1 јајце
– презла по желба
– сол, бибер, оригано
– лажица путер
– лажица брашно

Подготовка:

Сварете ги тестенините и загрејте ја рерната на 200 степени. Пржете го брашното во путер, а потоа додадете ја павлаката за готвење. Мешајте постојано за да не се направат грутки. Додадете зачини по желба. Потоа изматете го јајцето со крем сирењето, па додадете го во загреаната павлака за готвење. Добро измешајте.

На крајот, додадете гауда и моцарела. Мешајте додека не се раствори. Измешајте со тестенините, ставете во сад погоден за рерна и, по желба, наросете со малку презла за крцкавост.

Печете околу 30 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот