Брутално убиен познат американски рапер: Пронајден во хотелска гаража откако бил застрелан
Раперот Крис Кинг почина на 32 години во Нешвил, Тенеси. Крис бил ранет во саботата околу 2 часот и 30 минути кога бил со пријателите во една уличка, пренесоа странските медиуми.
Како што се наведува понатаму, тројца мажи им пришле и се обиделе да ги ограбат, а во таа прилика Кинг и уште еден маж биле ранети. Напаѓачите побегнале, а раперот бил пронајден во гаража на хотел. Веднаш бил пренесен во болница, но таму починал.
Крис Кинг беше познат по својата музика и вклученост во раперската сцена, а неговата трагична смрт остави длабока трага во американската музичка заедница. Раперот беше близок пријател со пејачот Џастин Бибер, како и со раперот Трипи Ред и музичарот Машин Ган Кели, кои јавно се простија од него.
„Те сакам брат. Ова боли“, напишал Џастин Бибер.