Бруно Фернандеш во јануари си заминува од Манчестер јунајтед?!

Бруно Фернандеш („Манчестер јунајтед“)/фото: EPA-EFE/Peter Powell

Бруно Фернандеш беше херојот во саботата, откако неговиот гол му донесе победа на Манчестер јунајтед против Фулам и барем малку ги замолкна своите критичари. Но, англиските медиуми пишуваат дека Португалецот повеќе не може да ги поднесе сите овие силни критики и дека е решен веќе во јануари да го напушти клубот.

Манчестер јунајтед не се истакнува премногу оваа сезона, а токму Бруно Фернандеш е на мета на најголеми критики бидејќи многумина велеа дека Португалецот не заслужува да биде капитен на „црвените ѓаволи“ и дека е тотално надвор од форма. Португалецот успеа да ги смири страстите на гневните фанови кои се многу незадоволни од неговите настапи оваа сезона и се чини дека тоа остава голема трага на него.

Англиските медиуми пишуваат дека тој повеќе не сака да трпи секојдневни критики и дека наводно е подготвен да го напушти „Олд Трафорд“ во јануари.

Негова нова дестинација би можела да биде Саудиска Арабија, „Сан“ пишува дека Бруно му дал зелено светло на агентот да преговара со заинтересираните клубови и дека е подготвен да го спакува куферот во јануари доколку дојде задоволителна понуда.

Наводно најголем интерес покажал Ал Наср каде веќе игра Кристијано Роналдо, но во трката се и Ал Хилал, Ал Ахли и Ал Итихад кои би сакале да го видат Бруно во своите редови, а извесно е дека не чека голема борба кој ќе понуди тој најмногу пари за услугите на Бруно Фернандеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот