Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно се уште трицифрен

Јуни 2020, Скопје / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 12.083, бројот на оздравени пациенти е 8.248, на починати е 529, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.306.

Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.885 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Почина една 51-годишна пациентка од Скопје. Регистрирани се 161 оздравен пациент.

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 12.083, бројот на оздравени пациенти е 8.248, на починати е 529, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.306.

Од вкупниот број активни случаи, во Скопје има 1.157, во Штип 342, во Гостивар 285, во Куманово 266, во Тетово 175, во Струга 151, во Кичево 133, во Дебар 128, во Свети Николе 103.

Досега во земјава се направени вкупно 11.7475 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника примени се пет пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти од кои на кислородна поддршка се 25 пациенти, а нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и четири деца позитивни на вирусот и еден пациент суспектен на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” во Скопје примени се 12 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти од кои на респираторна машина се шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 127 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Министерот за здравство Венко Филипче апелира и натаму да се почитуваат на мерките за заштита од Ковид-19. – Само преку носење маска, често миење на рацете и одржување физичка дистанца можеме да го намалиме ширењето на вирусот, истакна тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот