Бројни функционери од централна Америка на листата на корумпирани

Фото: Архива

Американскиот Стејт департмент додаде десетици сегашни и поранешни функционери, пратеници, судии и бизнисмени од Централна Америка на списокот на луѓе кои американската влада ги смета за „корумпирани и недемократски”.

Списокот вклучува поединци од Ел Салвадор, Хондурас, Гватемала и Никарагва, а меѓу 60 други лица се вклучени Хозе Ернесто Санабрија, секретарот за односи со медиумите на салвадорскиот претседател Наџиб Армандо Букеле Ортесија, неговиот правен советник, двајца судии од Врховниот суд на Гватемала, потпретседателот на Конгресот на Хондурас и бројни поранешни министри од цела Централна Америка.

„Овие поединци, вмешани во корупција, ги попречуваат истрагите за корупција и ги поткопуваат демократските процеси и институции, ја ослабуваат способноста на владите во регионот да одговорат на потребите на своите граѓани и на тој начин придонесуваат за илегалната миграција и дестабилизацијата на нивните земји”, вели државниот секретар Ентони Блинкен.

Американските власти веруваат дека со борбата против корупцијата во Централна Америка ќе ја отстранат една од главните причини за рекордна илегална миграција на американско-мексиканската граница, што претставува политички и хуманитарен проблем за американскиот претседател Џо Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот