Брнс: Политичките партии да ги надминат интересите за Законот за јавното обвинителство

Амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Брнс, рече дека овој закон ќе биде важен за да покаже дека Македонија се ангажира додека чека за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

САД бара од политичките актери во земјата да ги надминат партиските интереси и да го усвојат Законот за јавно обвинителство.

Амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Брнс, рече дека овој закон ќе биде важен за да покаже дека Македонија се ангажира додека чека за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Брнс порача дека Скопје треба да продолжи со реформите за да ги направи по независни институциите, да се фокусира изборите во април да бидат регуларни и да продолжи да негува добрососедски односи.

-Ние мислиме дека освојувањето на предлог Законот за јавно обвинителство ќе покаже во овој критичен момент ангажираност на Македонија за владеење на правото и борба против корупцијата и ова треба да биде над политичките партии. Случајите на Специјалното Обвинителство треба да продолжат, граѓаните чекаат и заслужуваат да видат тие кои ја злоупотребиле довербата на јавноста како сносат одговорност, тие заслужуваат да видат како правдата се имплементира не еднаков начин за сите. Младината во Македонија заслужува да има иднина- ијзави амбасадорката Брнс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот