Брнабиќ од Атина: Преспанскиот договор е добар пример за тоа како би се решиле работите со Приштина

Премиерката на Република Србија Ана Брнабиќ на Делфи економскиот форум во Атина во разговор со главниот уредник на весникот „Катимерини” Атанасиос Елисомна на прашањето за Преспанскиот договор, нагласи дека Србија веднаш го поддржала тој договор, истакнувајќи дека тоа било добра вест, што и овозможило на Северна Македонија да го продолжи својот европски пат, јави дописникот на МИА од Белград.

– Знам дека просперитетот на мојата земја е невозможен без просперитет на целиот регион. Затоа, мене како премиер на Србија, ми е важен напредокот на сите во регионот, подеднакво важен како и напредокот на мојата земја – изјави таа.

Како што соопштија од српската Влада, Брнабиќ посочила дека Преспанскиот договор докажал и дека историски тешките прашања можат да се решат преку дијалог, што е исто така, важно и за дијалогот со Приштина.

-Договорот од Преспа е добар пример за тоа како се надеваме дека работите ќе се решат со Приштина, изјави Брнабиќ, нагласувајќи дека документот покажува и оти, штом се постигне компромис, сите треба да го прифатат.

Премиерката на Србија, Брнабиќ, денеска на маргините на Економскиот форум Делфи се состана и со премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ.

Пред официјалната средба со Кривокапиќ, за време на паузата на Форумот, Брнабиќ имаше краток разговор со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, поранешниот грчки премиер, Алексис Ципрас, и на нив им се придружил и премиерот на Црна Гора.

Брнабиќ во Атина учествуваше на Делфи форумот, а претходно разговараше со премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис и со претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот