ФОТО | Бритни Спирс е револтирана: Ме дрогираа со литиум и не ми дозволуваа да излезам од дома

Бритни Спирс
Бритни Спирс / Фото: Инстаграм, Бритни Спирс

Една од најголемите поп-ѕвезди во музичката историја, Бритни Спирс продолжува да зборува за работите кои се случувале додека беше под 13-годишното легално старателство на нејзиниот татко Џејми Спирс, кое му беше дадено од судот.

Во својата најнова објава на Инстаграм, Спирс се спореди со пејачката Џенифер Лопез, објаснувајќи како се однесувале со неа во последните 13 години.

„Би сакала да видам некој да ѝ каже на Џенифер Лопез да седи по осум часа дневно, седум дена во неделата… без автомобил. Би сакала да видам како менаџерскиот тим ѝ кажува на Џенифер Лопез да помине низ она низ што поминав јас. Што мислите, што би направила? Нејзиното семејство никогаш не би го дозволило тоа“, напиша Спирс.

Пејачката истакна дека нејзиниот долгогодишен тим за обезбедување не ѝ дозволувал да излезе од дома и дека немала никаква приватност додека се пресоблекувала во својот дом.

„Најлошото е што сопственото семејство ме затвори во тоа место четири месеци“, напиша таа и додаде дека нагло ѝ ја прекинале терапијата со лековите што вообичаено ги земала, а потоа ја дрогирале со литиум.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Channel 8 (@britneyspears)

„Во текот на четирите години што работев во Вегас, имав слободен ден на секои шест недели. Побарав да ме поврзат со продуценти кои ќе создадат интересен звук. Ми рекоа ‘не’“, се присети таа.

Во својата објава, Спирс го искоментира и негативното искуство што го имала на доделувањето на Дизни наградите.

„Отидов на доделувањето на Дизни наградите, каде имаше четворица неверојатни вокалисти кои го направија токму она што јас сакав да го работам во текот на тие 14 години. Кратки ремикси на моите пет најдобри песни за пет минути. Моите деца го гледаа настапот и рекоа ‘Мамо, зошто го направија тоа?’ Ми уништија сѐ, ме посрамотија и направија да се чувствувам како никој и ништо“, заклучи Спирс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Channel 8 (@britneyspears)

ФОТО | Бритни ја навреди Кристина Агилера: Пејачката ја отследи Спирс од Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот