Британските оклопни возила „Хаски” пристигнаа во Украина

украински војници украина киев
Украинска војска/ Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Британските оклопни возила „Хаски” почнаа да пристигнуваат во Украина, информира украинскиот „Трагач по оружје” (Ukraine Weapons Tracker).

Се очекува Лондон да испрати најмалку 120 оклопни возила, од кои 80 се оклопни борбени возила „Мастиф”, „Хаски” и „Волфхаунд”.

Уште 40 возила од Британија ќе бидат приспособени за извидување на бојното поле и други намени.

Новите оклопни возила „Хаски” во редовите на вооружените сили на Украина ги произведува „Невистар дифенс”, филијала на „Невистар интернешенел”, која е сопственик на автомобилската марка Интернационал.

Оклопното возило е способно за транспорт со воени транспортни авиони.

Видео на денот