Британскиот ТВ водител кој ги навреди принцот Хари и Меган Маркл поднесе оставка

epa-efe
Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Британскиот ТВ водител, Пирс Морган поднесе оставка во „Ај-Ти-Ви“ (ITV) и повеќе нема да биде домаќин на емисијата „Добро утро, Британијо“ по навредливите коментари на сметка на Меган Маркл, сопруга на принцот Хари.

– Разговаравме со Морган и тој одлучи дека е време да ја напушти емисијата, а бордот на ИТВ ја прифати оставката и нема што повеќе да правиме, соопштија од ТВ куќата.

Морган ја водеше емисијата во понеделник, во вторник и во среда и имаше остри коментари за Меган Маркл по интервјуто што заедно со принцот Хари го дадоа на Опра Винфри во кое Маркл го критикуваше кралското семејство.

Морган ја обвини младата двојка дека нанела голема штета на кралското семејство со тоа што бараше публицитет под свои услови, без прифаќање на одговорност и она што го носи нивната позиција, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Една од работите што ги кажа е дека на „принцезата Пинокио“ не и верува ниоту еден збор.

– И натаму сум многу загрижен поради се што кажа Меган, но мора да истакнам и мое видување за менталните болести и суицидот. Таквите работи треба да се сфатат сериозно (Меган рече дека сериозно размислувала за самоубиство додека била во кралското семејство) и треба да се помогне, ако треба и со лекување, истакна Морган.

Тој дури влезе во конфликт со колегата водител, Алекс Бересфорд поради што среде емисија го напушти студиото.

Однесувањето и коментарите на Морган предизвикаа 41.000 обвинувања до британската радио-дифузна агенција која соопшти дека ќе спроведе истрага по правилник за штетите и навредите. За разлика од Пирс Морган, извршната директорка на ИТВ, Керолин Мекол претходно истакна дека апсолутно верува во она пто го раскажа Меган Маркл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот