Британскиот министер за здравство признава: Се соочуваме со недостиг на тестови за Ковид-19

Фото; EPA-EFE/WILL OLIVER

Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок денеска призна дека во земјата постојат одредени проблеми во врска со тестовите за коронавирус, по наглото зголемување на побарувачката. Зборувајќи во Долниот дом на парламентот, тој кажа дека владата напорно работи на решавање на проблемот поврзан со достапноста на тестирањата за Ковид-19, но призна дека тоа може да потрае и неколку недели, соопшти „Скај Њуз“.

Министерот истакна дека тестирањата мора да се извршуваат според системот на приоритети и, исто така, навести можно идно рационализирање на тестовите.

– Целиот Долен дом на парламентот знае дека постојат оперативни предизвици и дека напорно работиме на нивно решавање, рече британскиот министер за здравство.

Тој додаде дека има видливо зголемување на бројот на луѓе кои сакаат да бидат тестирани, вклучувајќи ги и оние кои не ги исполнуваат условите. Изјавата на Хенкок доаѓа во време кога Националната здравствена служба соопшти дека уште 14 лица починале, така што вкупниот број на смртни случаи во земјата сега изнесува 29.676.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот