Британскиот амбасадор во Иран ја напуштил државата по приведувањето

Фото ЕПА

Макер беше приведен по бдеењето за жртвите од трагедијата на урнатиот украински авион. Бдеењето потоа се претвори во протест, а Макер замина, но беше приведен.

Британскиот амбасадор во Иран, Роберт Макер ја напуштил земјата откако претходно беше кратко уапсен во Техеран, јавија иранските државни медиуми.

Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека Макер информирал дека ќе замине.

Макер беше приведен по бдеењето за жртвите од трагедијата на урнатиот украински авион. Бдеењето потоа се претвори во протест, а Макер замина, но беше приведен.

Тој подоцна негираше учество во демонстрациите.

Како што додаде во пораката напишана на англиски и на персиски јазик, тој го напуштил тоа место по пет минути кога некои почнале да викаат пароли против властите.

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран потврди дека иранските власти накратко го привеле британскот амбасадор Роб Макер како странец осомничен дека учествувал во „нелегален митинг”, наведувајќи дека амбасадорот е ослободен веднаш по потврдувањето на неговиот идентитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот