Британски воздушни сили во одбранбена акција над Бахреин
Британските авиони „тајфун“ на кралските воздухопловни сили РАФ се распоредени над Бахреин како дел од одбранбените операции на Велика Британија на Блискиот Исток.
Препорачано
Два од четирите авиони испратени во Катар се специјално распоредени за пресретнување на дојдовни дронови, додека американско-израелскиот конфликт со Иран влегува во втората недела, објави Би-би-си.
Бахреинските власти изјавија дека 190 дронови и 114 ракети се пресретнати од почетокот на конфликтот, но дека сè уште постои итна потреба од воздушна одбрана со краток дострел.
Британското воздухопловство, заедно со европските сојузници изминатиов период, исто така изврши борбени патроли над Кипар, Јордан и Обединетите Арапски Емирати.
Инаку, британскиот воен брод ХМС „Драгон“ отплови кон источниот Медитеран за да ја заштити базата на британските сили во Акротири, додека британскиот премиер Кир Стармер им дозволува на САД да ги користат британските бази за „одбранбени“ цели, но во исто време истакна дека Велика Британија не учествува во офанзивни напади врз иранските позиции.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
10мин
-
16мин
-
49мин
-
57мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


