Британски терапевт открива: Причините за разделба на партнерите лежат во малите работи

unsplash
Фото: Unsplash

Иако обично мислиме дека луѓето се разделуваат поради големи работи, како неверство, причините за разделба лежат во секојдневните фрустрации кои се акумулираат.

Статистиката покажува дека повеќето врски и бракови се „расипуваат“ поради „натрупани ситници“, тврди британскиот брачен терапеврт Ендрју Џи Маршал. Тој открива кои работи најлесно ја уништуваат блискоста, довербата и почитта меѓу партнерите.

Недостаток на внимание

Тој кимнува со главата додека таа објаснува што да направи додека мислите му се на друго место, или таа гледа во својот мобилен телефон додека тој се жали за проблем на работа. Ова се само некои од сценаријата во кои не обрнувате внимание на вашиот партнер кога е потребно.

депресија

Ако не му посветуваме доволно внимание на партнерот, со тоа му покажуваме дека не сме заинтересирани за него и дека другите работи ни се поважни.
Некое време ќе се толерира, и откако ќе „зоврие“ и другиот ќе почне да се однесува така, што неизбежно ќе резултира со губење на меѓусебната блискост.

Односот може да се подобри ако свесно го контролираме нашето однесување и поставиме нови правила, како што е договорено време за разговор без дистракции или слободна вечер за двајцата со исклучени мобилни телефони.

Преправање дека сè  во ред

Ако едниот од партнерите е загрижен или е под стрес, а другиот му вели да се опушти и да заборави на тоа, тој однос е контрапродуктивен. Поради тоа, партнерот под стрес се чувствува принуден да биде подобро расположен, а тоа обично не разултира со смеа и среќа туку со лутина. Луѓето обично го прават тоа затоа што мислат дека некој може да се расположи со неколку шеги и комплименти, но понекогаш тоа едноставно не е можно.

Заземајќи лежерен став проследен со шеги, се преправаме дека проблемот не постои и ги потценуваме чувствата на партнерот. За да го спречите ова, можете да применете две стратегии. Прво, ставете се во ситуацијата на вашиот партнер за да добиете впечаток за тоа како се чувствува, а потоа обидете се да го сфатите неговото расположение и дозволете му да се чувствува така.
Ова нема да создаде јаз меѓу вас, туку ќе поттикне разбирање.

Влегување во збор

Ако познаваме некого подолго време, често претпоставуваме што ќе каже и го прекинуваме во разговорот. Ова го правиме дури и ако мислиме дека ќе ни „избега мислата“ ако не го кажеме тоа веднаш. Иако понекогаш без лоши намери, прекинувањето на партнерот додека зборува може да биде симпатично, но честопати создава фрустрација.

Претпоставката е еден од најголемите гревови во меѓучовечките односи и не постои начин да се знае што точно мисли партнерот ако не го дослушиме до крај. Дури и ако не ни се допашатоа што го зборува, треба да го оставиме да заврши затоа што неговото мислење нема да се промени. Поставете си задача и почекајте неколку секунди откако вашиот партнер ќе каже нешто, па потоа започнете дискусија.

Влечење на работи од минатото

Повеќето расправии меѓу партнерите се сведуваат на три до четири главни теми на кои секогаш има што да се каже. Тоа најчесто се случува затоа што не сте го решиле проблемот до крај, и во принцип сте направиле компромис. Сепак, долгорочното незадволство не е решение, туку нешто што тлее, бидејќи секоја следна „ранлива“ ситуација може повторно да го отвори ова нерешено прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот