БРИТАНСКИ НАУЧНИЦИ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Новиот вид на ковид-19 го има речиси секаде во Европа

Фото: Профимедиа

Новиот тип на Ковид-19, потврден во Велика Британија, веќе е скоро сигурно присутен во повеќето европски земји, тврдат британски научници.

Ова го потврди Нил Фергусон од „Империјал колеџ” во Лондон, во неговото обраќање пред Комитетот за наука и технологија на Долниот дом на британскиот Парламент, заедно со други експерти од Советодавната група за нови респираторни вирусни закани (NERVTAG), кој ја советува Владата.

За овој вид, кој веќе е потврден во други земји, како што е Данска, Фергусон рече: „Јас сум речиси сигурен дека овој вирус е присутен во повеќето, ако не и во сите, европски земји во овој момент”.

Професорот Питер Хорби од Универзитетот во Оксфорд рече дека е фер да се каже дека земјите со поразвиена и поригорозна наука се потранспарентни со важни информации што ги ставаат на располагање на другите.

Велика Британија истражуваше 45 отсто од сите генетски кодови на коронавирусот во светот и сè уште не е сигурно дали новиот вид потекнува од југоистокот на Англија или само за првпат бил откриен таму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот