Британски музички награди: Дуа Липа со две награди, Тејлор Свифт влезе во историјата…

Instagram
printskrin

Синоќа се одржа 41-то доделување на британските музички награди – „Brit Awards“ во лондонската арена „О2“ на првиот голем музички настан пред публика која не мораше да носи маска и да внимава на физичкиот простор по повеќе од една година.

Дуа Липа ја доби наградата за најдобар британски изведувач и наградата за најдобар албум за албумот „Future Nostalgia“.

Британската поп-ѕвезда повика на покачување на платите за вработените во Националната здравствена служба, а пред да ги освои наградите изведе микс од нејзините хитови.

Американската пејачка и текстописец Тејлор Свифт е првата жена што ја освои наградата „Global Icon“. Пред неа оваа награда ја добија Дејвид Боуви, Елтон Џон и Роби Вилијамс.

Јас сум навистина горда што сум дел од оваа музичка заедница, особено во годината кога на сите толку многу ни требаше музика“, рече Свифт, која присуствуваше на доделувањето на наградите во Лондон и им оддаде почит на работниците од првата линија во борбата против ковид-19 .

Наградата за најдобар британски изведувач му припадна на раперот Џеј Хас, а групата „Little Mix“ ја доби наградата за најдобра британска група. Тие воедно се и првата женска група што ја освои оваа награда.

Не е лесно да се биде жена во британската поп-индустрија. Видовме доминација на бели мажи, мизогинија, сексизам и недостаток на разновидност“, рече пејачката на групата Ли-Ен Пинок.

Најдобар нов британски изведувач е Арло Паркс, додека најдобар британски сингл е „Watermelon Sugar“ на Хари Стајлс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by mps (@my_favourites_things)

Били Ејлиш и „The Weeknd“ добија награди за најдобри интернационални изведувачи, а „Haim“ за најдобра меѓународна група.

Вечерва се радуваме надевајќи се на посветла иднина… Имаме публика… имаме поп-ѕвезди, се вративме“, рече водителот Џек Вајтхол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brit Awards 2021 (@thebrits2021)

Присутните на Британските музички награди мораа да покажат негативен тест за ковид-19 при влегувањето и се обврзани повторно да се тестираат по овој настан.

Музичкиот настан е дел од пилот-програмата на британската влада која анализира дали може безбедно да се организираат големи настани со публика за време на пандемијата на коронавирусите.

Дуа Липа, Арло Паркс и Оливија Родриго беа меѓу изведувачите кои настапија во живо, додека претходно беа снимени и настапи на други.

„Coldplay“ ги отвори наградите, кои вообичаено се одржуваат во февруари, но беа одложени поради пандемијата на коронавирусите. Целата листа на добитници на овогодинешните британски награди можете да ја видите овде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот