Британската амбасада во Скопје организираше настан за прикажување на крунисувањето на кралот Чарлс Трети и кралицата Камила

Фото:Британска амбасада во Скопје

Британската амбасада во Скопје ги пречека гостите во Британската резиденција на настанот за прикажување на крунисувањето на нивните величества кралот Чарлс Трети и кралицата Камила, историски настан за Обединетото Кралство и Комонвелтот.

Фото:Британска амбасада во Скопје

Крунисувањето на нивните величества кралот и кралицата, се наведува во соопштението од Британската амбасада во Скопје, се одржа во Вестминстерската опатија, Лондон, под раководство на надбискупот од Кентербери.

Фото:Британска амбасада во Скопје

Британскиот амбасадор Метју Лосон им посакал добредојде на владини функционери, британски државјани, млади, граѓанско општество и екологисти од Северна Македонија, кои дошле да го гледаат крунисувањето кое го одразува модерното, разновидно, повеќеверско Обединетото Кралство и кое ги промовираше темите на младите, заедницата, различноста и одржливоста.

Фото: Британска амбасада во Скопје

– Прославувајќи 30 години билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија оваа година, би сакале да им се заблагодариме на нашите блиски пријатели, партнери и сојузници во Северна Македонија за нивниот придонес во тековните силни односи воспоставени меѓу нашите земји, стои во соопштението од Британската амбасада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот