Британска донација за Армијата во борбата против коронавирусот

Британската Амбасада во Македонија денеска донираше опрема за Армијата за поддршка за нивното справување со ситуацијата со коронавирусот.

Фото: Твитер

Британската Амбасада на својот официјален Твитер профил објави дека е важно да се остане заедно во овие времиња на предизвици.

– Државниот секретар Николиќ ја прими британската донација од заштитни ракавици и повеќе видови пумпи на висок притисок и рачни пумпи за дезинфекција. Армијата се грижи за граѓаните, ние се грижиме за безбедноста и заштитата на нашите војници, објави Министерството за одбрана на социјалните медиуми.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и британската амбасадорка Речјел Галовеј претходно разговараа преку конференциска врска за најновите информации во врска со коронавирусот во земјава, како и за идната соработка во одбраната.

– Одржавме виртуелен состанок со министерката за одбрана Шекеринска денеска за да разговараме за најновите информации за ситуацијата со коронавирусот во Северна Македонија и за идната соработка во одбраната. Задоволство ми беше да слушнам за напорите на Армијата кои работат со клучните институции во борбата против Ковид 19, напиша на Твитер британската амбасадорка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот