Данило Брестовац/фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Брестовац освои титула во Катар, оди и по двојна круна

Македонскиот ракометен стратег Данило Брестовац продолжува да реди успеси надвор од домашната сцена, овојпат оставајќи силен печат на Блискиот Исток. Предводејќи го катарскиот состав Ал Араби, тој успеа предвреме да ја осигура шампионската титула во националното првенство.

Со речиси перфектен учинок од 16 победи и само еден пораз, Ал Араби изгради убедлива предност на табелата, оставајќи го зад себе Ал Духаил со недостижна разлика уште пред последното коло.

Овој трофеј има дополнителна тежина ако се знае дека станува збор за еден од најреномираните клубови во Катар, каде конкуренцијата е сериозна.

Но, амбициите тука не застануваат, Ал Араби сега влегува како прв фаворит и во куп-натпреварувањето, каде македонскиот тренер ќе се обиде да ја комплетира сезоната со освојување на двојната круна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот