Скопје, лето 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Бремена жена заразена со „делта“, хоспитализирана на приватна клиника

Бремена жена, вратена од Шведска, заедно со нејзиниот свекор се хоспитализирани со делта варијантата на коронавирусот на една од приватните клиники во земјава, дознава „Слободен печат“ од свои доброупатени извори.

Се чекаат резултати од ковид тестот на уште шест или седум членови на ова семејство кои што имаат симптоми, откако „делта“ варијантата била потврдена кај свекорот и снаата.

И свекрвата вчера била хоспитализирана на истата клиника, меѓутоа не е потврдено дека е заразена со делта сојот како што е потврдено за нејзиниот сопруг.

Освен овој потенцијален кластер, во истата клиника хоспитализирани се и брачни сопружници, од кои едниот се вратил од Ирак и е позитивен на „делта“ сојот. Неговата сопруга исто така е хоспитализирана.

Според неофицијални информации на нашата редакција, клиничката слика на хоспитализираните не се разликува во голем дел од онаа која беше карактеристична за претходниот бран на коронавирусот во ноември, кога доминантен беше британскиот сој.

Еден од повозрасните пациенти во болницата, вчера бил интубиран и неговата состојба е неизвесна од час во час.

Ниту еден од позитивните и суспектните пациенти не бил вакциниран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот