„БРЕЈКИНГ БЕД“ ВО РЕАЛНОСТА: Професори по хемија правеле и продавале метамфетамин

Во Арканзас двајца професори биле уапсени и обвинети за правење и пуштање во продажба на метамфетамин, силна синтетичка дрога која создава голема зависност.

Необичниот случај многу потсетува на заплетот од популарната серија „Брејкинг Бед“, во која професор по хемија заболен од рак на белите дробови почнува да ја прави популарната дрога мет и се впушта во судир со моќните мексикански нарко – картели.

Тери Дејвид Бејтмен (45) и Бредли Ален Роуленд (40), вонредни професори по хемија на државниот универзитет Хендерсон во Аркаделфија (Арканзас), се уапсени во петокот попладне, потврди канцеларијата на шерифот. Против нив се покренати обвиненија за производство на метамфетамини и користење на дрога.

– Кабинетот за наука на универзитетот е затворен на 8 октомври откако е пријавено истекување на хемикалии. Зградата повторно е отворена на 29 октомври, кога агенцијата за заштита на животната средина ја заврши деталната контрола и замена на системот за филтрирање на воздухот – рече Тина Хол, потпретседател на универзитетот за комуникации.

Таа не сакаше да го коментира инцидентот со истекување на хемикалии, како ни наводите на локалните медиуми дека уапсените професори готвеле метамфетамин во просториите на универзитетот.

– Уапсените професори се водат на привремено отсуство уште од 11 октомври –  додаде таа.

Полицијата наведе дека истрагата е во тек и дека судија ќе одлучи дали уапсените професори ќе бидат пуштени со кауција за да се бранат од слобода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот