Брегу: Граѓаните од Западен Балкан треба да добијат дигитален идентитет

Мајлинда Брегу, претседателка на Советот за регионална соработка (РСС)

Претседателката на Советот за регионална соработка (РСС) Мајлинда Брегу ги повика денеска владите на земјите од Западен Балкан да влезат во процес на создавање на дигитален идентитет на граѓаните, преку кој полесно ќе се поврзат граѓаните и бизнисите.

Обраќајќи се на завршниот висок дијалог на Дигиталниот самит на Западен Балкан што се одржа во Подгорица, Брегу ја понуди оваа идеја како можност за чекор поблиску до стандардите на ЕУ, бидејќи и во самата Европска унија (ЕУ) овој дигитален идентитет започна да се применува од пред неколку месеци, соопшти РСС

Ја користам оваа прилика да им предложам на министрите одговорни за дигиталната агенда, да започнат многу тежок, но корисен процес за создавање дигитален идентитет, со цел да им се понуди на граѓаните и бизнисите од Западен Балкан да поседуваат „дигитални паричници“. Со тоа тие ќе можат да ги поврзат нивните национални дигитални идентитети со доказ за други лични атрибути, како возачка дозвола, дипломи, банкарска сметка, итн. ЕУ го започна овој процес пред неколку месеци. Податоците се моќ и некои земји ја користат дигитална инфраструктура за да ги зајакнат луѓето со податоци, рече Брегу.

Таа додаде дека овозможувањето на граѓаните да имаат доверлив дигитален идентитет, е еден од начините да се трансформира статусот на граѓаните од неформалната во формална економија и дека РСС е подготвен да ја подржи секоја активност во оваа насока.

Со високиот панел на кој учествуваа еврокомесарот за проширување Оливер Вархељи, директорката за здравствени политики во регионата канцеларија на СЗО за Европа Наташа Азопарди Мускат, премиерот на Црна Гора Здравко Кривкапиќ и министерката за јавна управа, дигитално општество и медиуми на Црна Гора Тамара Срзентиќ, заврши 4-тиот Дигитален самит на Западен Балкан.

Првиот се одржа во Скопје, вториот во Тирана, а третиот во Белград, каде беше потпишана и спогодбата за укинување на роамингот на Западен Балкан кој стапи во сила на 1-ви јули 2021.

Сите самити ги организираа владите или надлежните министерства на земјите од Западен Балкан во соработка со РСС од Сараево, која како извршна организација на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, е надлежна и за организација и спроведување на проекти во рамките на Берлинскиот процес на ЕУ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот