Фото: Фудбалски клуб Брегалница

Брегалница Штип се враќа во Првата лига, Скопје и Шкендија Арачиново ќе играат бараж

По триумфот од 7:0 во дуелот против прилепска Победа, фудбалерите на Брегалница од Штип го потврдија првото место на табелата во Втората македонската фудбалска лига и по две сезони повторно се враќаат во елитното друштво.

Стефан Костов, Дино Михолов, Јорданчо Наумоски, Костадин Капсаров, Никола Талески, Јован Постолов и Мартин Димоски беа стрелци на головите за Штипјани кои ја освоија првата позицина со 71 бод колку што има и второпласираниот тим на Скопје, благодарение на подобриот учинок во меѓусебните дуели.

Скопје на домашен терен славеше над Детонит Плачковица со 5:1 и заедно со Шкендија Арачиново која триумфираше над Каменица Саса со 4:2 ќе играат бараж за евентуална промоција во Првата лига. На мечот одигран на стадионот Железарница, играчите на Скопје ги постигнаа сите пет погодоци. Двоен стрелец беше Виктор Ангелов, по еднаш прецизни беа Аднреј Стојановски, Алексеј Славков и Јорго Папули, кој во 51 минута ја погоди и сопствената мрежа.

Шкендија Арачиново како гостин ја совлада Каменица Саса со 4:2. Зани Назифи постигна два погодоци, по еднаш меѓу стрелците се запишаа Амир Нухија и Владимир Жоглев, додека головите за домаќинот беа дело на Филип Николовски и Глигорче Ефремов.

Петтопласираниот Охрид забележа победа од 7:1 во дуелот против Слога Виница, Тетекс триумфираше над Големо Коњари со 7:2, Беласица на гостувањето во Ресен ја совлада Преспа со 3:1, Кожуф во Неготино славеше над Вардар со 5:0, а на мечот меѓу Новаци и Осогово противниците постигнаа по три гола.

Второлигашката конкуренција ја напуштаат Вардар Неготино, Слога Виница, Преспа, Победа Прилеп и Големо Коњари, додека бараж за опстанок ќе играат Кожуф, Тетекс и Каменица Саса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот