Бред Пит и Инес де Рамон на премиерата на „Ф1“ во Лондон/Фото: Fred Duval / imago stock&people / Profimedia

Бред Пит наскоро би можел повторно да застане пред олтарот, но дали ќе одлучи пак да менува пелени?

Љубовната приказна помеѓу Инес де Рамон и Бред Пит привлече големо внимание на јавноста последниве месеци, а сè повеќе се зборува за брак и за деца.

Бред Пит со години има многу лош однос со своите деца. Повеќето од децата од бракот со Анџелина Џоли се дистанцираа од него, а некои дури и официјално го отфрлија неговото презиме од своите имиња. Сепак, Бред Пит би можел повторно да ја доживее магијата на родителството.

Како што откри извор за RadarOnline, Инес де Рамон би сакала да основа семејство со холивудската легенда.

Инес де Рамон е подготвена да оди чекор понатаму.

„Таа навистина го сака Бред Пит и би сакала да има дете со него, но само ако тој е спремен да се ожени со неа. Тој треба да ѝ покаже дека се грижи за неа“, рече изворот, додавајќи дека Инес понекогаш е загрижена дека Пит не се грижи доволно за нивната врска и за нивната иднина.

Иако емоциите се искрени, Бред понекогаш изгледа премногу лежерно кога станува збор за врската, поради што Инес почнува да се грижи бидејќи е уморна од тоа да биде во сенка на Анџелина Џоли, открива изворот.

Добро упатените исто така наведуваат дека преиспитувањето на Бред за татковството е мотивирано не само од љубовта, туку и од чувството на празнина поради оддалеченоста од неговите деца од бракот со Анџелина Џоли. Иако никогаш не изјавил дека не сака повеќе деца, Пит чувствува страв и несигурност поради раскинатите врски, што дополнително влијае на неговите одлуки за иднината, открива изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот