Бразилскиот фудбалер Габигол суспендиран на две години поради допинг

фото: EPA-EFE/Daniel Piris

Габриел Барбоса (27) во светот на фудбалот познат како „Габигол“ е казнет откако се обидел да им се вмеша на службениците на антидопинг агенцијата и не ги почитувал процедурите.

Напаѓачот на Фламенго беше суспендиран на две години и беше обвинет дека го прекршил членот 122 од антидопинг кодексот на Бразил, кој се смета за измама или обид за измама во случај на контрола.

Максималната казна е четири години суспензија, двојно повеќе од она што го доби. Се верува дека Бразилецот го отежнал извршувањето на контролата, што се смета за обид за измама.

Во еден од случаите се вели дека доцнел со извршување на контролите и дека не ги почитувал упатствата. Во извештајот се наведува дека фудбалерот пред тренинг не се обратил до персоналот одговорен за тестот – кој го имале сите негови соиграчи, по активноста ги игнорирал и отишол на појадок, не следејќи ги процедурите кои му биле покажани.

Поранешниот играч на Интер тврди дека бил „изненаден од одлуката“, бидејќи „немало измама, ниту обид“. Тој ќе поднесе жалба на одлуката која доколку ништо не се промени ќе трае две години.

„Габигол“ ќе биде надвор од терените од 1 април, пишува каталонскиот весник „Мундо Депортиво“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот