Бразилски голман израмни рекорд стар 28 години, одигра 1390 натпревари
Голманот на Флуминензе, Фабиу, влезе во фудбалската историја со тоа што го израмни светскиот рекорд по број на официјални натпревари во машкиот фудбал. Во саботата, искусниот 44-годишен чувар на мрежата по 1390. пат истрча на терен, на натпревар од бразилската Серија А, каде неговиот тим славеше со 2-1 против Форталеза.
Препорачано
Со овој настап, Фабиу се израмни со легендарниот англиски голман Питер Шилтон, кој децении важеше за апсолутен рекордер. Фабиу, кој веќе 28 години е дел од професионалниот фудбал, својата кариера ја започна во Униао Бандеиранте (30 натпревари), потоа настапуваше за Васко да Гама (150), Крузеиro (976), а од 2022 година брани за Флуминензе, за кој досега има 234 натпревари.
„Бог ми го подари овој дар. Му благодарам на секој што бил дел од мојот живот, татко ми, мајка ми, сестрите, пријателите, сопругата… Се трудам да бидам добра личност. Најважно е да им помагаш на соиграчите. Благодарен сум, но без Бога ова немаше да биде можно“, изјави Фабиу за „Глобо“.
Шансата да го престигне Шилтон ќе ја има веќе во вторник, кога Флуминензе ќе ја пречека екипата на Америка де Кали од Колумбија, во реванш-натпреварот од осминафиналето на Копа Судaмерикана.
Иако Питер Шилтон (кој бранеше од 1966 до 1997 година) долго време се водеше како официјален рекордер со 1390 настапи, постојат мали несогласувања околу точната бројка. Гинисовата книга на рекорди и повеќето статистички портали го прифаќаат бројот 1390, додека самиот Шилтон во својата биографија наведува 1387 натпревари. Разликата настанала поради тоа што= Гинис ги брои и 16 неофицијални натпревари, додека Шилтон вклучува 13 меча одиграни за англиската селекција под 23 години, кои не се признаваат како целосно официјални.


