Бразил станува ново светско жариште – Претседателот Болсонаро: Па што, што очекувате од мене да направам?

Повеќе од 300.000 луѓе се позитивни на коронавирусот во јужноамериканскиот континент, кој пандемијата го зафати последен, а Бразил има речиси 136.000 од нив, и според проценките на експертите, оди кон тоа да стане ново светско жариште.

Луѓе во Рио де Жанеиро присуствуваат на масовен погреб на жртви починати од коронавирус / 23 април 2020, Рио де Женерио, Бразил / Фото: EPA-EFE/RAPHAEL ALVES

Со таа проценка е согласен и претседателот на Аргентина, Алберто Фернандез, додавајќи дека Бразил е осма земја во светот по бројот на заразени и претставува голем ризик за земјите во Јужна Америка.

Еден од најстарите медицински магазини „The Lancet“ смета дека најголемиот проблем за земјата која треба да одговори на растечкиот проблем на епидемијата е тоа што на нејзино чело е човек како Жаир Болсонаро.

Луѓе со заштитни маски пешачат во Сао Паоло/ Април 2020, Сао Паоло, Бразил / EPA-EFE/Fernando Bizerra

„The Lancet“ исто така додава дека е загрижувачки и тоа што само за пет дена смртноста е дуплирана, како и тоа што според студијата на Империал колеџот од Лондон спроведена во 49 земји, Бразил била земја каде заразата најбрзо се ширела.

Бразил во средата првпат забележал повеќе од 10.030 нови случаи и 620 мртви. Во земјата досега се регистрирани над 9.000 лица кои го изгубиле животот во битката против ковид-19.

Бразилиан репорт наведува дека бројни студии на бразилските факултети, со фактот дека земјата би можела да стане светски епицентар на коронавирусот, предупредуваат и на тоа дека бројот на позитивни случаи во земјата е меѓу 1.6 и два милиони.

Медицинско лице вади ковчег од почината жртва од болницата Евандро Фреир во Рио де Жанеиро / 28 април 2020, Рио де Жанеиро, Бразил / Фото: EPA-EFE/ANTONIO LACERDA

Големите градови како Сао Пауло и Рио де Жанеиро сега се главни жаришта, но постои и загриженост и рани знаци дека инфекцијата се пренесува и во малите градови со неадекватен број на респиратори и кревети за интензивна нега.

– Сепак, можеби најголемата закана на бразилскиот одговор на Ковид-19 е претседателот Жаир Болсонаро, навеле здравствените експерти и потсетиле дека претседателот пред неколку дена на новинарите кои го прашале да го прокоментира драстичниот пораст на заболени рекол: „Па што, што очекувате од мене да направам?“

Поглед кон познатата испразнета плажа Ипанема на Копакабана / 22 април, Рио де Жанеиро, Бразил / Фото: EPA-EFE/Antonio Lacerda

Властите на Бразил бараа мерките во борбата против коронавирусот да се ублажат, бидејќи не сакаат во економската смисла да дозволат земјата да стане нова Аргентина или Венецуела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот