Бразил е најголем фаворит за освојување на титулата на Светското првенство

Бразил има најмногу светски титули во историјата/фото: EPA-EFE/Sebastiao Moreira

Пред почетокот на 22. Светско фудбалско првенство во Катар (20 ноември – 18 декември 2022), обложувалниците, експертите и аналитичарите предвидуваат за тоа која од репрезентациите кои учествуваат имаат најголеми шанси за освојување на титулата.

Иако Франција ја освои титулата во 2018 и истата ќе ја брани годинава, сепак не е прв фаворит за трофејот на СП 2022.

Бразил, кој го нема вкусено трофејот од Мундијалите од 2002 година, се наоѓа на првото место на листата најголеми фаворити за титулата на СП во Катар.

Бразилците инаку имаат најмногу светски титули во историјата, а по пет Германија и Италија.

Интересно, дури осум од Топ 10 фаворити се репрезентации од Европа:

1. Бразил 5.00 квота
2. Франција 7.00
3. Англија 8.00
4. Шпанија 9.00
5. Аргентина 9.00

6. Германија 12.00
7. Португалија 15.00
8. Белгија 15.00
9. Холандија 15.00
10.Данска 40.00

Во Катар се пишува историја: За првпат ќе судат и жени на Светско првенство

Конечниот список на Бразил за Мундијалот: Жезус оди во Катар, без Фирмино и Кутињо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот