Фото: EPA/Juanjo Martin

Бразил без Родриго на Светското првенство

Родриго, фудбалерот на Реал Мадрид и бразилски репрезентативец, заработи сериозна повреда на натпреварот на „кралскиот клуб“ против Хетафе.

Според шпанските медиуми, Родриго, откако влезе во игра во 54 минута, остана да лежи на теренот по стартот во последните минути од натпреварот.

Брзо му беше укажана помош, но дополнителните прегледи го потврдија најголемиот страв на навивачите – Бразилецот претрпе скинат лигамент на десното колено.

Како резултат на тоа, сезоната е завршена за него, и тој нема да игра за Реал во продолжението на борбата за трофејот во Лигата на шампионите (по што следува двомеч против Манчестер сити), и Ла Лига, каде што заостануваат четири бода зад Барселона, но тоа не е сè.

Имено, Родриго ќе го пропушти и Светското првенство во САД, Мексико и Канада, каде што Бразил ќе биде во групата Ц со Мароко, Хаити и Шкотска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот