Фото: Принтрскрин/Јутјуб

ВИДЕО | „Браво бенд“ го исполнија ветувањето: Новата песна „Те љубам“ ќе добие и српска верзија

Момците од „Браво бенд“, како што најавија продолжуваат да создаваат нови нумери, а нивната највона песна е насловена „Те љубам“. Во неа се зборува за една изгубена љубов која е посилна од сè.

Текстот и музиката се на Весна Малинова, а аранжманот на оваа поп-балада е со потписот на Јован Лазаревиќ – Тукс и Милан Мијаловиќ. Песната и видеото за истата се веќе објавени, а кадрите за видеото беа снимени на повеќе во Битола и на Пелистер.

– „Те љубам“ е композиција за која е снимена и српска верзија и истата според најавите во етерот ќе биде пуштена во текот на следната недела, а доаѓа по одличните „Катаклизма“ и „Љубав преко мреже“. Како што и ветивме на промоцијата на „Љубав преко мреже“ овој пат сакавме на јавноста прво да ѝ ја претставиме македонската верзија. Ветивме и дека ќе нè има повеќе, па се трудиме и тоа ветување да го одржиме. Сакаме и да бидеме што е можно стилски поразлични затоа што освен што свириме сè, сакаме во нашиот опус буквално да има за секого по нешто“, велат момците од „Браво бенд“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот