Бранислав Лечиќ се повлекува од политиката, а притоа е исклучен и од претстојните театарски претстави
Бранислав Лечиќ денеска соопшти дека поради аферата, во која актерката Данијела Штајнфелд го обвини за силување, се повлекува од лидерската функција во движењето „Демократи на Србија”, јави дописникот на МИА од Белград.
Препорачано
View this post on Instagram
– Со цел оваа моја борба за вистина да не им наштети на сите оние со кои учествувам во борбата против овој злобен режим, се повлекувам од раководството на движењето „Демократите на Србија”. Ова е моја лична борба за одбрана на мојот интегритет, име и професионална репутација и не сакам да ги оптоварувам сите оние кои се искрени борци за нормална, слободна и демократска Србија, напиша Лечиќ на Фејсбук.
Претходно, Драмски театар од Белград соопшти дека, на барање на поголем дел од ансамблот на претставата „Кога цветаа тиквите”, актерот Лечиќ поради сегашната состојба е исклучен од претстојните претстави.
View this post on Instagram
Лечиќ претходно на социјалните мрежи објави дека добил порака од БДП во која се наведува дека 17 актери бараат од него да не игра во претставата.
Тој вчера објави дека добил покана в петок да сведочи во Вишото јавно обвинителство во Белград за обвинувањата од Штајнфелд дека ја силувал на 7 мај 2012 година.
Лечиќ е поранешен министер за култура и поранешен член на Демократска партија.


