Брак меѓу две пасторки лезбејки благословен од Протестантската црква во Франција

Фото: Архива

Како што објавија повеќе француски медиуми, заедницата на две жени пастори беше благословена во саботата од Протестантската црква, јави дописникот на МИА.

Емелин Дауде и Ањес Кауфман, на возраст од 33 и 31 година, се венчаа минатиот четврток во градското собрание на Жаку, во Херо. Во саботата на 24 јули, во присуство на нивните роднини, тие добија благослов за нивниот граѓански брак во Храмот Магелоне во Монпелје.

Од Синодот во Сете во 2015 година, пасторите имаат овластување да благословуваат бракови на истополови двојки. Но сепак, немаат обврска да го сторат тоа: „Протестантската црква цени повеќе ставови и разновидно позиционирање. Затоа е важно да се остави можноста пасторите да не ги благословуваат овие бракови ако тоа не е соодветно на нивните лични убедувања”, објаснија младите жени за „Монд“.

-Знаеме дека била тешка борбата за другите пред нас. Одејќи по свој пат, ова е начин да им оддадеме почит, објаснуваат тие за весникот.

Со овластувањата од 2015 година овој благослов наидува на воздржаност дури и во рамките на Обединетата протестантска црква на Франција.

-На лицата кандидати за пастори и отворено ЛГБТ не им се нудеше парохија до 2019 година, вели претседателот на националниот совет на Обединетата протестантска црква на Франција за „Монд”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот