Брачна двојка од Шпанија го победи коронавирусот: Заедно се 65 години, не се одвојуваа ниту во болница

Фото: Profimedia

Хосе на 4. март бил на лекар поради силна кашлица, па му препишале антибиотици и го пуштиле дома.

Двајца сопружници од Шпанија кои заедно преживеаја 65 години, отпуштени се заедно од една од мадридските клиники откако и двајцата успеаја да се излечат од Ковид – 19, пишува Паис.

Како што наведува весникот, Хосе Прието Серудо и Гвадалупе Матас Ернандес се венчале во 1955 година и имаат седум ќерки.

Хосе на 4. март бил на лекар поради силна кашлица, па му препишале антибиотици и го пуштиле дома.

На 8. март семејно ја прославиле 65 годишнина од венчавката, а веќе следниот ден Хосе е примен во болница во Мадрид поради висока температура и силни главоболки. Тестот за коронавирус бил позитивен.

По неколку дена и неговата сопруга добила слични симптоми, па и таа е упатена во истата болнциа. И покрај правилата дека пациентите мора да бидат во одвоени соби, на оваа брачна двојка им е дозволено да бидат заедно.

Дури и кога Гвадалупе се опоравила и можела да биде отпуштена, таа одбила изјавувајќи дека нема да отиде од таму без мажот.

На 30 март и двајцата конечно можеа да ја напуштат болницата и да се вратат дома.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот