Босанскиот Извиѓач против Талески во полуфиналето на ЕХФ Европскиот куп
Ракометарите на Извиѓач од Босна и Херцеговина денеска остварија голем успех во Чешка, обезбедувајќи пласман во полуфиналето на ЕХФ Европскиот куп.
Препорачано
Откако ја победија Карвина со 36:31 во првиот натпревар од четвртфиналето во Босна и Херцеговина, на реваншот Чесите беа подобри со 34:29 во реваншот во салата Карвина-Нове Место, па патникот во следната фаза се дозна по изведувањето на седмерци.
По голема драма, екипата на Извиѓач славеше со 7:6 на пенали, а херој на Босанците беше голманот Кнежевиќ кој успеа да одбрани седмерец во 13 серија.
Во полуфиналето, Извиѓач ќе игра против унгарската Татабања на македонскиот ракометар Филип Талески. Татабања, по ремито дома во првиот меч (31:31), на возвратниот дуел на гости славеше со 37:35 на турскиот Нилуфер, а во победата македонскиот ракометар Талески постигна три гола.
Потсетување, во второто полуфинале македонскиот претставник ГРК Охрид за ривал ќе го има Целје од Словенија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8час
-
9час
-
11час
-
12час
-
12час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


