Борец по спонзорот остана и без тренер

фото: фејсбук/фк борец велес

Екипата на Борец која изминатава недела остана без главниот финансиер Кочо Анѓушев, денеска остана и без главниот тренер Горазд Михаилов.

Михаилов си заминува од тимот на Борец по три години поминати на клупата, а вчера тимот го напушти и Никола Прелчец кој се пресели во Работнички.
Најголемиот успех на тренерската кариера во македонскиот фудбал на Михаилов му е триумфот со екипата на Тетекс во Купот на Македонија 2013 година. По заминувањето на спонзорот Анѓушев, клубот е во рацете на ветераните на Борец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот