Борба помеѓу синот и партнерот: Богатството на Џина Лолобриџида скриено во офшор компании во Панама

Фото: Профимедиа

Актерката Џина Лолобриџида почина на 16 јануари минатата година на 95-годишна возраст, а денес нејзиното богатството е проценето на 3,9 милиони евра, пишуваат италијанските медиуми.

Смртта на Џина Лолобриџида донесе не само голема болка во светот на забавата, туку и отвори дискусија за нејзиното наследство, кое во моментот се наоѓа во офшор компанија во Панама.

Но, кој е вистинскиот сопственик на оваа компанија денес е за сега неодговорено прашање. Имотот на починатата ѕвезда е предмет на битка помеѓу нејзиниот син Андреа Милко Шкофиќ и нејзиниот поранешен менаџер, за кој тврдеа дека ѝ е и партнер, Андреа Пјацола, обвинет во два судски процеси за измама на ментално неспособно лице, во кои Лолобриџида е жртвата.

За Џина, Пјацола беше секако важна фигура во нејзиниот живот, тој се грижел за сè и ја извршувал функцијата извршен директор на компанијата. Пјацола најави дека парите ќе ги донира во добротворни цели со што ќе ја промовира уметничката дејност на Лолобриџида.

Во меѓувреме, сепак, од истрагата што ја спроведе „Еспресо“ излегува дека на 6 март 2014 година во Панама била отворена офшор компанија „Bewick International Inc“.

Во Панама е можно анонимно да се отвораат компании на име на повереници. Во случајот „Bewick International Inc“, корисник е Џина Лолобриџида. Таа е единствената што добила дозвола да отвори банкарска сметка со целосни овластувања во управувањето со средствата.

Имено, уште пред неколку години, се зборуваше дека Џина Лолобриџида е жртва на помладото момче Андре Пјацола, кој полека целосно влезе во нејзиниот живот. Нејзиниот поранешен возач, а потоа менаџер, Андреа Пјацола беше обвинет дека ја крадел славната италијанска актерка и дека од нејзините пари купил 300.000 евра вредно „ферари Ф12“, а за „форд шелби ГТ“ дал 100.000 евра. Тој ја оштетил актерката за повеќе од 3 милиони евра. Како што тврдеа извори блиски до актерката, Пјацола ѝ ја одзел куќата и двата мали хотели покрај Шпанските скали во Рим.

Животната приказна на Џина Лолобриџида: Италијанката на која убавината ѝ беше проклетство

Почина италијанската филмска дива Џина Лолобриџида

Животната приказна на Џина Лолобриџида: Италијанката на која убавината ѝ беше проклетство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот