„Бомба“ во НБА: Кевин Дурант во голема размена заврши во Хјустон!
Тоа што се најауваше изминатиот период во НБА лигата, доби и официјална потврда, Кевин Дурант повеќе не е кошаркар на Феникс Санс. Познатиот НБА новинар Шамс Чаранија ја потврди информацијата дека ѕвездата на Санс се сели во редовите на Хјустон рокетс во голема размена.
Препорачано
Како дел од зделката, Феникс ги доби младиот бек Џејлен Грин, агресивниот дефанзивец Дилон Брукс и 10. пик од годинашниот НБА драфт што претставува сериозен обид за освежување и реконструкција на тимот по разочарувачката сезона.
Санс ја завршија сезоната на 11. место во Западната конференција со биланс од 36 победи и 46 порази и не успеаа да се пласираат ниту во плеј-ин турнирот. За Дурант, ова беше една од потешките сезони во последните години и покрај тоа што индивидуално бележеше солидни бројки во просек по 26,6 поени, 6 скокови и 4,2 асистенции по натпревар.
BREAKING: The Phoenix Suns are trading two-time NBA Finals MVP Kevin Durant to the Houston Rockets for Jalen Green, Dillon Brooks, the No. 10 pick in the 2025 draft and five second-round picks, sources tell ESPN. pic.twitter.com/EwrbA2ES9O
— Shams Charania (@ShamsCharania) June 22, 2025


