Фото: EPA/ANGELO CARCONI

Болоња ја елиминираше Рома за четвртфинале во Лигата на Европа

Спектакуларен двомеч беше одигран во италијанската пресметка помеѓу фудбалерите Рома и Болоња во осминафиналето на Лигата на Европа, а тимот од „Ренато Дал’Ара“ обезбеди место меѓу осумте најдобри.

Пред седум дена, во Болоња немаше победник (1:1), исто како и на „Олимпико“ (3:3), но избраниците на Виченца Италијани се пласираа понатаму по продолженијата (4:3).

Гостите водеа со 1:0 и 3:1, но „волчицата“ се врати со головите на Дониело Мален од пенал во 69 минута и Лоренцо Пелегрини во 80 минута.

Човек на одлука во продолженијата беше Николо Камбијаџи, кој постигна гол во 111 минута и го однесе својот тим во натпревар против Астон Вила, кој го елиминираше Лил со вкупен резултат од 3:0.

Болоња ќе биде и единствениот италијански претставник во четвртфиналето на второто најсилно европско клупско натпреварување.

Лига Европа 2025/2026

Осминафинале, реванш

Фрајбург – Генк 5:1
Лион – Селта Виго 0:2
Митјиланд – Нотингем 1:3
Рома – Болоња 3:4
Астон Вила – Лил 2:0
Бетис – Панатинаикос 4:0
Порто – Штутгарт 2:0

Четвртфинале, двојки

Брага – Бетис
Фрајбург – Селта Виго
Порто – Нотингем
Болоња – Астон Вила

Конференциска лига 2025/2026

Четвртфинале, двојки

Шахтјор Доњецк – АЗ Алкмаар
Кристал палас – Фиорентина
Рајо Ваљекано – АЕК Атина
Мајнц 05 – Стразбур

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот