Боки 13 и Кичеец биле следени еден месец, а Јанева 10 дена

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милески викан Зоки Кичеец од полицијата биле следени еден месец пред да бидат уапсени, а Катица Јанева пак била под Посебни истражни мерки десет дена пред да биде уапсена на 21 август. Ова се дел од доказите кои денеска им биле дадени на увид на Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев, адвокати на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

– За жал од многу брзање, обвинителството има побарано вештачења кои не се завршени и сè уште се во тек, а задолжително треба да ги видиме и да не бидат дадени. Се плашиме дека тие може да ни бидат во многу кус период пред подигање обвинение дадени како докази и можност да ги видиме, а то би било не така добро за одбраната, зашто во градење на одбраната треба да ги имате видено сите докази – рече Дељо Кадиев, адвокат на Катица Јанева.

Во „Рекет“ предмет отворен во јули годинава осомничени и притворен е Бојан Јовановски-Боки 13, на второосомничениот Зоран Милевски-Кичеец затворскиот притвор му беше заменет за домашен, додека барањето на третоосомничената Јанева да биде префрлена во домашен притвор од Кривичен беше одбиено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот