Боинг може да го преименува „737 Макс“ поради репутацијата

Боинг ќе го смени името на авионите од типот „737 Макс” поради ризици по својата репутација, изјави во интервју за „Блумберг” Крег Смит, финансиски директор на компанијата.

– Работиме на тоа да сториме се што е потребно за да ја обновиме репутацијата, и ако треба ќе го смениме и брендот – изјави тој.

Како што се укажува, раководството на компанијата се уште нема донесено конечна одлука да се откаже од зборот „Макс” во името на авионите. Таквата одлука би била погазување на досегашната работа на компанијата која се стремеше зборовите „Макс” и „Дримлајнер” да бидат симбол за препознатливост на брендот кај туристите.

Моментално летовите на Боинг „737 Макс” се забранети откако два авиона од овој тип се урнаа во временски рамки од неколку месеци. Едниот авион доживеа катастрофа лани во октомври во Индонезија, а другиот годинава во март во Етиопија, при што загинаа вкупно 346 луѓе.

Прочитајте и...  Бран апсења во Хрватска: Паднаа шефот на „Шуми“, функционери од ХДЗ и бизнисмени

Резултати од истрагата покажуваат дека постои сличност во причините за катастрофите. Боинг призна дека патничките авиони можеле да се урнат поради грешка во системот МКАС за помош на пилотите во управување со авионот. Компанијата подоцна објави дека започнала со обнова на компјутерска програмата за управување со Боинг „737 Макс”.

Прочитај повеќе

Десетгодишно девојче чие дело инспирира: Челси им подари 1.500 пакетчиња на децата без родители (ВИДЕО)

Австријците од средината на јуни нема да носат заштитни маски

Слободен печат

Вашингтон и северна Вирџинија започнаа со првата фаза од отварањето на бизнисите

МИА Агенција

Д-р Пановски: Со внуците на дистанца, во парк, не да се собираат и заседнуваат

Слободен печат

Почина најстариот човек на светот: Ги преживеа двете светски војни, шпанската треска и подемот и падот на Советскиот Сојуз

Слободен печат

Триесет отсто од средношколките не разговараат за сексуално-репродуктивниот период

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Џонсон и Трамп согласни: Планот на Пекинг ја загрозува автономијата на Хонгконг

Слободен печат

Тајван го поништи законот според кој за прељуба се одеше во затвор

Слободен печат

Шпанската влада ќе им дава по 462 евра месечно на најсиромашните граѓани

Слободен печат

Спасовски: Земјоделството е еден од носечките столбови за развој на вкупната економија

Слободен печат

Уапсен полицаецот кој го гмечеше и под чии нозе почина Афроамериканецот Џорџ Флојд (ВИДЕО)

МИА Агенција

Мицкоски: Мерките против корона кризата се укинаа по препорака на Комисијата за заразни болести водена од политичарот Караџовски

Слободен печат