Богојевски: Одлуката на Пендаровски е исклучително државничка, Парламентот мора да ја потврди

Почнавме да водими интернет кампања. Периодов на карантин и седење дома да го искористиме за промовирање на нашите кандидати, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Петар Богојевски од Македонски концепт.

-Сакам да ја поздравам одлуката на претседателот Пендаровски (продолжување на вонредната состојба) која ја сметам за исклучително државничка.

Мислам дека во која насока и да се движат работите сметам дека Собранието ќе мора да ги потврди овие одлуки, а да не се оди кон барање на импичмент, изјави Богојевски.

Околу евентуалните закани и блокади на Македонија кон нејзиниот европски пат, Богојевски смета дека денешна натовска, а утре и европска Македонија ќе мора да има своја идеологија, затоа што утре ние ќе се среќаваме со еден куп фусноти, како што е случајот со Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот