Богојески: Само помрачени умови болни за власт организираат протест на Цветници

фото Архива

„Денес е Цветници. Секој Христијанин прославува низ молитва и причест воскресение Лазарово, најголемото чудо на Господа и влез негов во Светиот град! Само помрачени умови болни за власт, злоставуваат народ на ваков Божји ден, за да го спасат бегалецот од апсење! Срам! Срам! Срам!“, објави Богојески.

Само помрачени умови болни за власт, организираат протести на ваков ден како Цветници“, вака лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески го коментира денешниот протест пред Владата, на кој ќе присуствува и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес е Цветници. Секој Христијанин прославува низ молитва и причест воскресение Лазарово, најголемото чудо на Господа и влез негов во Светиот град! Само помрачени умови болни за власт, злоставуваат народ на ваков Божји ден, за да го спасат бегалецот од апсење! Срам! Срам! Срам!“, објави Богојески.

По повод годишнината од настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година, македонски организации од Европа, Канада, САД и Австралија денеска организираат протест под слоганот „Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите!“. Протестот  почна пред Владата, е ќе заврши пред Собранието.

Протестот е поддржан од неколку опозициски партии и здруженија, меѓу кои и од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот