Богдановиќ: Да го селектираме отпадот и да ја зачуваме животната средина

Саша Богдановиќ, актуелен градоначалник на Општина Центар

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ денеска со апел до граѓаните да го селектираат отпадот и да ја зачуваат животната средина.

Богдановиќ, како што соопшти Центар, ја надополнил неговата GreenPay картичка од ЈП ПОЦ на пластикоматите во Општина Центар.

„Да бидеме совесни и пластичните и стаклени амбалажи да ги рециклираме на места означени за таа намена. Пластикоматите на ЈП ПОЦ ја имаат токму таа намена, да ги мотивираат граѓаните да го селектираат отпадот и на тој начин, да придонесат за почиста околина, но и да ги користат останатите поволности кои ги нуди оваа картичка, изјави градоначалникот Богдановиќ.

Во рамки на проектот „И отпадот има вредност” на ЈП ПОЦ и Општина Центар, поставени се повратни вендинг машини за рециклирање на пластични шишиња и лименки на повеќе локации низ општината.

Со селектирањето и рециклирањето на пластичниот и стаклениот отпад, додаде Богдановиќ, придонесуваме за поздрава и почиста животна средина и подобри услови за живот во Центар. 

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот