Душко Вујошевиќ / Фото: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Бодирога за Вујошевиќ: Европската и српската кошарка загубија еден од најстрасните умови

Претседателот на Евролигата, Дејан Бодирога, се збогува со легендарниот тренер Душко Вујошевиќ, кој почина денес на 68-годишна возраст, истакнувајќи дека европската и српската кошарка загубија еден од своите најважни експерти.

„Европската и српската кошарка загубија еден од најстрастните умови и најпосветените учители. Вујошевиќ беше човек на кошарката, ментор и симбол на интегритет и посветеност на играта. Неговото влијание обликуваше генерации играчи и тренери, оставајќи неизбришлив белег во нашиот спорт“, рече Бодирога, како што објави Евролигата.

Тој изрази сочувство до семејството, пријателите на Вујошевиќ и до сите што имаа можност да работат со него.

„Неговото наследство ќе живее на секој терен, во секој тим и во секој млад играч кој ја продолжува својата љубов кон кошарката“, рече претседателот на Евролигата.

Евролигата објави дека преостанатите натпревари од 36. коло, како и сите натпревари од 37. коло, ќе започнат со минута молчење.

„Пред вечерашните натпревари и мечевите од 37. коло ќе има минута молчење во чест на Вујошевиќ и неговото неверојатно наследство“, се вели во соопштението на Евролигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот