Боатенг: Во Барса морав да лажам дека Меси е најдобар на светот

фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Прославениот фудбалски ас Кевин Принс Боатенг се присети на периодот поминат на „Камп Ноу“. Поранешниот репрезентативец на Гана летово стави крај на својата богата фудбалска кариера. Со голем успех настапуваше за бројни европски клубови од најсилните лиги во Европа, меѓу кои и Барселона.

Во подкаст со легендарниот дефанзивец на Јунајтед, Рио Фердинанд, тој зборуваше за периодот кој го помина во каталонскиот клуб.

– Штом дојдов во Барселона, ме прашаа кој е најдобриот фудбалер на светот. Морав да кажам Меси. Тоа е една од најголемите лаги во мојот живот – изјави Боатенг, кој призна дека е голем фан на Реал Мадрид и навивач на Кристијано Роналдо.

фото: EPA/VALERIANO DI DOMENICO

Од тинејџер сум навивач на Реал Мадрид. Го сакам Кристијано Роналдо – додаде Боатенг.

Контроверзниот ас ги откри деталите од интересниот разговор кој го имал со Меси.

– Меси покажа дека има ривалство меѓу него и Роналдо. Меси беше капитен, но не кажа ништо. Еднаш разговаравме за време на туширањето – вели Боатенг и ги открива деталите од разговорот:

– Ме праша дали е тешко да се постигнат голови во Италија. Роналдо во тоа време беше во Јувентус. Тоа покажа дека меѓу нив има ривалство. Му реков дека е тешко, а Роналдо постигнуваше голови на секој натпревар три години – рече Боатенг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот