Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман / Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

„Блумберг“: Салман барал и Зеленски да учествува на историскиот состанок, САД и Русија одбиле

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман побарал украинскиот претседател Володимир Зеленски да учествува на денешната историска средба меѓу Русија и САД што се одржа во Ријад, но двете страни, и Американците и Русите, инсистирале средбата да се одржи без Украинците, објави „Блумберг“ повикувајќи се на извор запознаен со ситуацијата.

Денеска во Ријад рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и советникот на Путин за надворешна политика Јуриј Ушаков се сретнаа со американската делегација претставена од државниот секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Валц и специјалниот пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф.

Изворот на „Блумберг“ вели дека престолонаследникот сакал да го вклучи Зеленски во разговорите, но двете страни, Русија и САД, инсистирале дека средбата мора да се одржи без Украина.

Според изворот, саудискиот владетел планира да го информира украинскиот претседател за улогата на Кралството во организирањето на состанокот и за неговите разговори со руски и американски претставници.

По денешните разговори меѓу руската и американската делегација, Зеленски најави дека ја одложува посетата на Саудиска Арабија.

„Не бевме поканети на оваа руско-американска средба во Саудиска Арабија. Не сакам никакви случајности, затоа не одам во Саудиска Арабија“, рече Зеленски, додавајќи дека неговата посета ќе биде одложена за 10 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот