Блонд е подобро… дури и како чоколада!

блонд чоколада
Фото: Принтскрин / Instagram

Кога станува збор за чоколадото, блонд чоколадата е нов вид на она што го обожуваме!

Како што веќе навикнавме да ги нарекуваме русокосите девојки „плавуши“ и не размислуваме многу кога го кажуваме тоа – проблемот настанува кога се обидуваме да го примениме истиот принцип, на пример, на русата чоколада. Руса чоколада е сè, само не сина. Таа е златна.

Блонд чоколадата уште се нарекува и златна чоколада или „четврт вкус“. Се добива со загревање на белото чоколадо на повисока температура од вообичаеното и со подолго варење, додека не го помине она што е познато како „реакцијата на Мејлард“. Ова му дава топла беж нијанса и богат вкус на пржена карамела.

Измислена е случајно, кога чоколадниот слаткар Валрона заборавил да остави сад со бело чоколадо на оган со часови. По враќањето, тој открил дека создал нов вкус. Тоа беше пред речиси една деценија, но дури неодамна големите брендови го прифатија постоењето на блонд чоколада, а нејзината популарност порасна за 597 отсто во текот на изминатата година, според Марс Вригли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fiamma Chocolate (@fiamma.chocolate)

Блонд чоколада – нова солена карамела

Добрата блонд чоколада содржи најмалку 20 проценти, а често и повеќе од 30 проценти, цврсти материи од какао. Шеќерот и цврстото млеко се карамелизираат, што ја надоместува сладоста, a тоа може да им се допадне на луѓето кои не сакаат бело чоколадо. Блонд чоколадите имаат нешто повисока цена ако се од некоја занаетчиска продукција. Но, има и поевтини, но нивниот вкус е малку посинтетички, а може да претпоставиме дека ќе биде и малку посладок. Вистинската блондинка треба да биде препечена, а не само да има додадени вкусови. Зборовите како „карамелизирано“ се добар знак, но „карамел бело чоколадо“ треба да предизвика сомнеж.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by King & North (@kingandnorth)

Колку е рокот на траење на чоколадото? А може ли да го јадеме она кое побелело?

Овие „плавуши“ убаво се топат во устата, а вкусот е топол и длабок, најчесто со ноти на карамела. Што може да биде посилно, како да е силно карамелизиран шеќер на тава или послаб. Бојата може да варира од посветла до потемна , а бојата се создава со реакцијата на Мејлард, процес сличен на карамелизирање (но не и карамелизирање!), Чоколадото може да биде мрсно или помалку мрсно, во зависност од производителот. Полошите блонд чоколади имаат вкус на бело чоколадо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jasmine April (@allthatjazz1111)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот