Граничниот премин „Евзони“ / „Богородица“ / Фото: Фејсбук

Блокадите на „Евзони“ од денеска ќе траат подолго

Наместо досегашните четири часа, грчките земјоделци од 17 часот по македонско време започнаа подолга, шестчасовна блокада на граничниот премин „Евзони“-„Богородица“.

Ова значи дека границата ќе биде затворена до полноќ вечерва, за сите возила.

Според најавите, секоја наредна блокада ќе трае шест часа, по што граничниот премин ќе биде шест часа отворен итн.

На граничниот премин „Ники“-„Меџитлија“, како што претходно извести АМСМ, има забрана за камиони, која ќе трае до утре до 10 часот.

Протестите на земјоделците во Грција започнаа на 30 ноември и траат над 40 дена со секојдневни блокади на низа локации во целата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот