Близу Лесковац пронајдено телото на човек во фаза на распаѓање

Архива

Според локалното население, трупот во распаѓање го пронашле социјални работници.

Во селото Винарце, во близина на Лесковац, е пронајдено тело на човек стар околу 45 години.

Ужасната слика е откриена во родната куќа во која тој живеел сам по смртта на неговите родители.

Директорот на Центарот за социјална работа во Лесковац, Предраг Момчиловиќ, го потврди случајот велејќи дека дека полицијата е известена и дека ќе се изврши обдукција за да се знае како резултат на тоа починал мажот.

Според локалното население, трупот во распаѓање го пронашле социјални работници. Исто така се претпоставува дека овој помлад човек починал пред неколку месеци.

Засега останува нејасно како е можно никој да не го забележли отсуството на човекот неколку месеци, а некои тврдат дури една година не го виделе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот