Принс / Фото: Profimedia

Близок соработник на Принс за последните денови на музичката легенда: „Тогаш сфатив дека нешто сериозно не е во ред“

Десет години по смртта на Принс, негов поранешен соработник открива загрижувачки детали за последните месеци од животот на легендарниот музичар, пишува „Пејџ сикс“.

Басистот Браун Марк, кој настапуваше со Принс во рамки на бендот „Револушн“ во осумдесеттите години на минатиот век, изјави дека уште тогаш забележал промени во неговото однесување и меморија. Во разговор за странски медиуми, тој посочува дека музичарот делувал збунето и често заборавал важни работи.

Според неговото сведоштво, контактот меѓу нив бил обновен по иницијатива од лице од студиото „Пејсли парк“, по што Принс го поканил да дојде во Минеаполис за нова соработка. Сепак, кога Браун Марк пристигнал, пејачот целосно заборавил дека го повикал.

„Тогаш сфатив дека нешто сериозно не е во ред“, вели басистот, додавајќи дека ваквите ситуации се повторувале и подоцна, дури и откако се преселил заради проектот.

Принс / Фото: Patrick HERTZOG / AFP / Profimedia

Тој смета дека проблемите со краткорочната меморија биле поврзани со употребата на опиоиди, кои Принс наводно ги користел поради болки во колкот.

„Таквите лекови го замаглуваат паметењето“, истакнал Браун Марк.

Да потсетиме, Принс почина на 21 април 2016 година од предозирање со фентанил, откако, според извештаите, несвесно земал фалсификувани таблети мислејќи дека станува збор за лек против болка. Починал во лифт во својот комплекс „Пејсли парк“, само еден ден пред да има закажано средба со специјалист за зависности.

Браун Марк воедно се присети и на строгите правила што владееле во бендот, опишувајќи го Принс како перфекционист кој имал целосна контрола врз музичарите и нивната работа, па дури и воведувал парични казни за грешки за време на настапи.

Џими Хендрикс свиреше гитара со забите и јазикот за да заведува девојки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот